Каратистите од ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА Пробиштип освоија 8 златни, 7 сребрени и 8 бронзени медали на турнирот во Романија

Достојно претставени Пробиштип и Македонија на Меѓународниот карате турнир во Романија

Изминатиов викенд по повод 20 годишниот јубилеј на меѓународниот карате турнир во Анина, Република Романија, се одржа Куп ЅВЕЗДИТЕ НА ГОДИНАТА, на кој учество зедоа околу 230 натпреварувачи, од 17 клубови. 

На овој јубилеен куп, од нашиот клуб ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА се натпреваруваа 16 каратисти во борби и кати. 

Нашите каратисти се изборија воинствено и достојно ја претставија Македонија и нашиот град Пробиштип и ги постигнаа следниве резултати: 

Поединечно: 8 злато, 6 сребро и 6 бронза. 

Екипно: 1 злато, 1 сребро и 2 бронза. 

Клубот ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА се закити со 3-то место генерален пласман. 

Честитки до нашите воинствени каратисти и целиот тим, да продолжат и понатаму да бидат амбасадори на Македонија и да ја претставуваат во најдобро светло. 

Благодарност до домаќинот на купот, SportStar Anina, за гостопримството и успешната реализација на настанот.  Да следат уште повеќе заеднички настани. 

Даниела Ѓоргиевски 

Видеото со нај интересните моменти од турнирот во Романија можете да ги погледнете ТУКА 

Сподели на Facebook и Twitter