Денес во рамки на првото пролетно коло во Македонската младинска лига во кошарка М18 девојчиња, домашната екипа на Пробаскет не успеа да извојува победа против гостинската ЖКК Гостивар, која беше поуспешна и го доби натпреварот со 48-74 (30-37). Екипата на Пробаскет во есенскиот дел скоро сите натпревари ги одигра како гостин, поради реновирање на спортската сала при ООУ „Браќа Милдиновци“, а ова и беше прв натпревар во Пробиштип одигран во спортската сала „Софија Петровска“.