Многу освоени медали за каратистите од Вадо карате до унија – Пробиштип на Третото балканско првенство во карате

Клубот ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА, со настап на 28 каратисти и на ова првенство ја претставија достоинствено Македонија и нашиот Пробиштип со освоени повеќе медали во различни категории

Изминатиов викенд во Аранѓеловац, Србија, на 20 април 2024 година успешно се одржа третото WKC Балканско првенство со учество на 500 натпреварувачи од 4 земји: Македонија, Србија, Романија и Српска.

Клубот ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА, со настап на 28 каратисти и на ова првенство ја претставија достоинствено Македонија и нашиот Пробиштип со освоени следни места во различни категории:

Кати: -поединечно: 7 злато, 7 сребро и 7 бронза.

-екипно: 1 злато, 3 сребро и 4 бронза

Борби:

-поединечно: 2 злато, 2 сребро и 4 бронза

-екипно: 1 злато, 1 сребро и 1 бронза

Исто така и 1 злато во кати на нашата сениорка Бојана Пешовиќ.

Честитки за успехот на сите наши учесници на 3-тото Балканско првенство.

Даниела Ѓоргиевски

Видеото со фотогалеријата  од Аранѓеловац можете да го погледате ТУКА

Сподели на Facebook и Twitter