Светската карате конфедерација (WKC-World Karate Confederation) го организира второто Балканско првенство за кадети, јуниори и сениори како и Балканско првенсво за деца, чиј организатор оваа година ќе биде Вадо Карате ДОО Унија Македонија (Wado karate doo Union of Macedonia) . На првенството ќе земат учество натпреварувачи од сите Балкански држави како и натпреварувачи надвор од Балканот, бидејќи првенството е отворено како за членките на конфедерацијата така и за сите останати федерации и клубови.
ВКЦ Балканскиот шампионат се одржува по втор пат, а минатата година Балканското првенство, многу успешно беше одржано во Модрича, Република Српска. Според договорот на балканските федерации, натпреварот се одржува секоја година во различна земја домаќин.
Оваа година домаќин на Балканскиот шампионат ќе биде Пробиштип, и организацијата му е доверена на г-дин Стојан Стојковиќ, кој е воедно и претседател на Балканските WKC конфедерации. Годинава се очекува бројот на натпреварувачи да ја надмине бројката од 400 учесници.
Пробиштип инфо со задоволство ја прифати поканата за известување од овој голем спортски настан и ќе дадеме се од себе најпрофесионално да одговориме на оваа задача. Им посакуваме успех во организацијата на домаќините и се надеваме дека пробиштипјани ќе уживаат во овој несекојдневен и голем спортски настан кој ќе се одржи во нашиот град.