Во Модрича, Реп. Српска, Босна минатиов викенд , 30-ти Октомври, 2022год., успешно се одржа 1-то Балканско првенство. Учествуваа осум балкански федерации (Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Македонија, Србија, Бугарија и Република Српска) како и многу клубови од регионот со околу 500 натпреварувачи.
Достојно и повторно со големи успеси нашите каратисти на клубот ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА ја претставија Македонија и нашиот град Пробиштип.
Учествувавме во поединечна конкуренција – Кати, екипно-Кати, поединечна конкуренција – Борби и екипна конкуренција – Борби и се закитивме со следниве резултати:
Поединечно – Кати:
5 медали за I – место
6 медали за II – место
7 медали за III – место
Екипно – Кати:
2 медали за I – место
2 медали за II – место
1 медали за III – место
Поединечно – Борби:
2 медали за II – место
2 медали за III – место
Екипно – Борби:
1 медали за I – место
Честитки до нашите каратисти, тимот на Клубот, родителите и посебни честитки до тренерот Стојан Стојковиќ, кој воедно е и Претседател на WKC Балканска Конфедерација.
Благодарност до Пионир, Прогруп Транс, Гоби Анета, ГБС Транс и Филе Турс.
Да продолжат и понатаму со успесите нашите спортски амбасадори и достојно и понатаму да ги претставуваат Македонија и Пробиштип .
ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА Пробиштип