Одличен успех на каратистите од ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА на Првото Балканско првенство во карате

Достојно и повторно со големи успеси нашите каратисти на клубот ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА  ја претставија Македонија и нашиот град Пробиштип.

Во Модрича, Реп. Српска, Босна минатиов викенд , 30-ти Октомври, 2022год., успешно се одржа 1-то Балканско првенство. Учествуваа осум балкански федерации (Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Македонија, Србија, Бугарија и Република Српска) како и многу клубови од регионот со околу 500 натпреварувачи.

Достојно и повторно со големи успеси нашите каратисти на клубот ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА  ја претставија Македонија и нашиот град Пробиштип.

Учествувавме во поединечна конкуренција – Кати, екипно-Кати, поединечна конкуренција – Борби и екипна конкуренција – Борби и се закитивме со следниве резултати:

Поединечно – Кати:

5 медали за I – место

6 медали за II – место

7 медали за III – место

Екипно – Кати:

2 медали за I – место

2 медали за II – место

1 медали за III – место

Поединечно – Борби:

2 медали за II – место

2 медали за III – место

Екипно – Борби:

1 медали за I – место

Честитки до нашите каратисти, тимот на Клубот, родителите и посебни честитки до тренерот Стојан Стојковиќ, кој воедно е и Претседател на WKC Балканска Конфедерација.

Благодарност до Пионир, Прогруп Транс, Гоби Анета, ГБС Транс и Филе Турс.

Да продолжат и понатаму со успесите нашите спортски амбасадори и достојно и понатаму да ги претставуваат Македонија и Пробиштип .

ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА  Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter