Одличен успех на нашите каратисти на 24от Меѓународен карате турнир во Суботица

Бројни медали на каратистите од Вадо Карате До Унија клубот од Пробиштип од настапот во Суботица

На 19.03.2023 година каратистите од Вадо Карате До Унија клубот учествуваа на 24от Меѓународен турнир во карате „Супер Енпи куп“ кој традиционално се одржува во Суботица (Република Србија). Годинава на турнирот учество зедоа повеќе од 1200 натпреварувачи од 80 клубови и тоа од: Словачка , Романија, Унгарија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна гора, Бугарија и Србија.

Вадо Карате До Унија настапи со 32 натпреварувачи во следните категории: – Кати поединечно и Кати во екипна конкуренција; и Борби поединечно и Борби во екипна конкуренција. Постигнати се следните резултати: Кати поединечно: 10 златни, 6 сребрени и 11 бронзени медали. Кати екипно: 7 златни и 4 сребрени медали. Борби поединечно: 1 златен и 1 бронзен медал. Борби екипно: 1 златен и 1 сребрен медал. Вкупно освоени медали: 42

Во конкуренција на клубови од 9 земји ( држави) и преку 1200 натпреварувачи, според бројот на освоени медали клубот го освои високото трето место.

 

Сподели на Facebook и Twitter