Победа на Рудар во петтото коло против Брегалница Делчево

Рудар со 2 : 0 беше подобар од Брегалница Делчево

Денес со почеток во 14ч. на градскиот стадион во Пробиштип , во рамки на петтото коло од Македонската фудбалска лига- Исток силите ги одмерија екипите на домашниот Рудар  и екипата на Брегалница од Делчево. Рудар беше подобар и победи со 2 : 0. Резултатот беше отворен во 44 мин ,со автоголот на Бојан Петровски ,а конечните 2 : 0 ги постави Марио Атанасовски во 64 мин.

 

Сподели на Facebook и Twitter