Подмладената прва екипа на Весна Пробиштип не успеа да се спротистави на домашната Шкендија

Екипата на Весна Пробиштип поразена во Тетово со 3:0 во сетови

Во рамки на првото коло од втората фаза – 1 , разигрување во горниот дел од табелата во Првата македонска одбојкарска лига, нашата екипа составена од млади одбојкари не успеа да се спротистави на далеку поискусната екипа на Шкендија од Тетово. Натпреварот заврши со победа на домаќините со максимални 3:0 во сетови. Очигледно дека оваа фаза од натпреварувањето во Првата одбојкарска лига за нашите млади одбојкарски надежи  ќе биде собирање на искуство од своите поискусни колеги од другите клубови и дека клубот со оваа генерација ќе порасне во силен клуб кој ќе има повисоки дострели во иднина во најсилното одбојкарско натпреварување во Македонија.

Сподели на Facebook и Twitter