Пријателски кошаркарски натпревар помеѓу КК Пробаскет и КК Крива Паланка (девојчиња)

Убав и интересен неделен спортски ден во Пробиштип

Денес во спортската сала при ОУ ,,Браќа Миладиновци” во Пробиштип се одигра пријателски натпревар во кошарка во повеќе категории помеѓу екипите на Пробаскет Пробиштип и екипата на Крива Паланка.Започнаа најмладите во пионерска категорија родени 2012 – 2013 година ,потоа следуваше групата родени 2010 – 2011 година и на крајот можеше да се проследи натпреварот во категоријата на младинки родени 2008 – 2009 година.Интересно за оваа пријателска средба е тоа што вообичаено предизвика голем интерес кај граѓаните посебно кај родителите и роднините на кошаркарките и секако неуморниот тренер Ванчо Лепитков кој секогаш знае да направи одлична екипа во скоро сите генерации на деца.

 

Сподели на Facebook и Twitter