Прв настап за Ванеса Давиткова од Пробиштип во дресот на Македонската женска фудбалска репрезентација У-15

Ванеса Давиткова се очекува повторно да биде дел од женската фудбалска репрезентација на Македонија У-15, а секако и во останатите старосни категории во иднина

Прв настап за Ванеса Давиткова во дресот на Македонската женска фудбалска репрезентација У-15 како играч на ЖФК „КОЧАНИ“-Кочани.  

Во периодот од 07.06.2024. до 15.06.2024г нашата Ванеса Давиткова ја имаше честа првпат да настапи во дресот на Македонската женска фудбалска репрезентација У-15 на развојниот турнир во организација на УЕФА кој се одржа во Подгорица, Република Црна Гора.  

Како резултат на добрата игра и покажаните резултати во тековната сезона, покрај останатие девојки од клубовите во Македонија, таа заедно со две нејзини клупски соиграчи, беше повикана од страна на селекторот на У-15 Јовица Блажевски да биде дел од овој развоен турнир.  

Нејзината позиција беше одбранбен играч во составот на репрезентацијата и го одигра целото прво полувреме во вториот натпревар против соодветната репрезентација на Хрватска.  

Покрај овие две репрезентации на овој турнир учествуваа и репрезентациите на домаќинот Црна Гора и Босна и Херцеговина. Нашата репрезентација одигра солидно и со една победа против Босна и Херцеговина, еден нерешен резултат со Црна Гора и еден пораз од Хрватска, задоволни се вратија дома. 

 Импресиите се големи, резултатите солидни и со поддршка од селекторот Јовица Блажевски и нејзиниот тренер од ЖФК „КОЧАНИ“ Оливер Јовановски, очекуваме повторно да биде дел од женската фудбалска репрезентација на Македонија У-15, а секако и во останатите старосни категории во иднина. 

 

Сподели на Facebook и Twitter