Регионално дерби во одбојка помеѓу ОК Весна Пробиштип и ОК УГД Штип

Шесто коло 12.11.2022 година 18:00 часот, Спортска сала „Софија Петровска“ Пробиштип

На 12.11.2022 година (сабота) во Спортската сала „Софија Петровска “ во Пробиштип, ќе се одигра првенствениот натпревар од шестото коло од Првата Македонска одбојкарска лига, помеѓу домаќинот, екипата на Весна Пробиштип и екипата на УГД Штип. Оваа средба е воедно и регионално дерби, бидејќи екипите се на исто ниво по квалитет и екипата која ќе направи помалку грешки се очекува да го добие натпреварот. Затоа ќе не очекува мошне возбудлив и неизвесен натпревар, па воедно ова нека биде и апел до сите љубители на одбојката да дојдат утре и да ги бодрат нашите момчиња. Натпреварот започнува во 18:00 часот.

Сподели на Facebook и Twitter