Рудар поразен во Кочани со 3:0 од првопласираното Осогово

ГФК Осогово убедливо против фудбалерите на Рудар во рамки на седмото коло од Третата Македонска фудбалска лига- Исток

На денешното гостување во Кочани во рамки на седмото коло од Третата Македонска фудбалска лига -Исток , фудбалерите на Рудар беа поразени од екипата на Осогово со резултат од 3:0. Стрелци на головите беа Тоше Манов в0 11′, Јован Дојчинов во 56′  и Андреј Коцевски во 87′ минута. Според информации од Кочани со одличните одбрани на голманот Ѓорги Ивановски, фудбалерите на Рудар се спасија од повисок пораз. И по седмото коло, екипата на Рудар сеуште е на четвртото место со 4 победи и 3 порази.

Сподели на Facebook и Twitter