Во редовите на Баскет Кам 2011 имаат за што да се радуваат – најава за новата натпреварувачка сезона со победа извојувана со двоцифрена предност.
Кошаркарките предводени од Жаклина Стојановска ги совладаа своите противнички од МЗТ Скопје Аеродром во рамки на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ со (74:54), а Стојановска смета дека има се уште простор за подобрување на играта.
Нашата Кате Поп Димитровска е капитен на победничката екипа, а беше и најефикасна со 21 постигнат кош.
КФСМ