Утре со почеток во 17.00 часот во спортската сала Парк во Струмица ќе започне првенствениот натпревар од 10 то коло од Првата Македонска одбојкарска лига помеѓу лидерот на табелата , екипата на Струмица Никоб и нашите одбојкари, екипата на Весна Пробиштип. Домаќинот е без пораз досега со 8 победи и со право очекуваме тешко соочување на нашите момци со фаворитот Струмица Никоб. Во секој случај да им посакаме многу среќа утре.