Трето Балканско првенство во карате

ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА - Пробиштип, ќе настапат со 28 каратисти во повеќе дисциплини односно во кати поединечно, кати во групи, борби поединчено и борби во групи.

Официјалното WKC Балканско првенство (кадети, јуниори и сениори и Балкански куп за деца) се организира за трет пат, по успешниот балкански турнир што се одржа во 2022 година во Модрича, Република Српска и 2023 година во Пробиштип, Македонија.
 

Членовите на Balkan WKC се согласија да бидат домаќини на настанот секоја година во друга земја. Овој пат се одлучи да се одржи во прекрасниот српски град Аранѓеловац, кој се наоѓа на 75 километри јужно од главниот град Белград.  

Турнирот е отворен за сите членови на WKC и нечленки, федерации и клубови, не само од Балканскиот Полуостров!
 

 Од нашиот град, клубот ВАДО КАРАТЕ ДО УНИЈА, ќе настапат 28 каратисти во повеќе дисциплини односно во кати поединечно, кати во групи, борби поединчено и борби во групи.
 

Им посакуваме успешно првенество, фер-плеј и како и секогаш достоинствено претставување на нашата Општина Пробиштип и нашата Македонија. 

Даниела Ѓоргиевски 

Сподели на Facebook и Twitter