Убедлива победа на гостинската екипа од Тетово, против домашната Весна Пробиштип

Подмладената екипа на Весна Пробиштип не успеа да се спротистави на фаворитот од Тетово - Шкендија и го загуби натпреварот со 3:0

Денес со почеток во 15 часот во спортската сала „Софија Петровска“ се одигра првенствениот натпревар од  второто коло во Првата одбојкарска лига на Македонија, каде домаќинот ОК Весна Пробиштип ја пречека фаворизираната екипа на Шкендија од Тетово . Гостите од Тетово ја оправдаа улогата на фаворит , совладувајки ја домашната екипа со убедливи 3:0 (15:25 / 17:25 / 19:25) во сетови. Нашиот подмладен состав успеваше на моменти да даде солиден отпор, но тоа беше премалку  за да се спротистават на одличната екипа на Шкендија во која настапуваат тројца играчи од странство и нашиот Иван Андоновски. Во домашната екипа во одлично издание го видовме Филип Николовски. Да се надеваме на подобро издание на нашите одбојкари  во наредниот првенствен натпревар.

Сподели на Facebook и Twitter