Уште една успешна планинарска авантура на СПД Пробиштип

Викендов на 26.06.2022 (недела) пет члена екипа од Спортското планинарско друштво "ПРОБИШТИП" учествуваа на ДАУТИЦА OUTDOOR FESTIVAL 2022

Викендов на 26.06.2022 (недела) пет члена екипа од Спортското планинарско друштво “ПРОБИШТИП” учествуваа на ДАУТИЦА OUTDOOR FESTIVAL 2022,  настан организиран од Еколошката Групација Грин Пауер, и достојно го претставија планинарското друштво искачувајќи се на врвот Даутица (2178 м.н.в.). Планинарската тура започна од Планинарскиот дом во с.Папрадиште (1000 м.н.в.) и беше во должина од 18,2 km со висинска разлика од околу 1200м по патека категоризирана во “средно тешки патеки” а на делови слободно можеме да кажеме и во категоријата “тешки патеки” со вкупно време од 8h 15min.

Сподели на Facebook и Twitter