Успешен спортски викенд за нашите спортисти

Убедливи победи на фудбалерите на Рудар и одбојкарскиот клуб Весна Пробиштип (пионери)

Во рамки на 20 коло од Третата македонска фудбалска лига – исток, фудбалерите на Рудар ја совладаа гостинската Тиверија од Струмица со резултат 2:0 (2:0).Стрелци на головите беа Анастасовски  Дарко 5′ и  Атанасовски Марио 8′ минута.

Одбојкарите на Весна Пробиштип (пионери) ја одиграа првата полуфинална средба против Борец од Велес и извојуваа максимална победа од 3:0.

Сподели на Facebook и Twitter