Војводина со нашиот Филип Савовски го освои годинашниот Суперкуп во одбојка на Србија

Во финалето во Крушевац ОК Војводина од Нови Сад го надигра Партизан со 3:1 (25:20, 25:23, 21:25, 25:19)

Одбојкарскиот клуб Војводина од Нови Сад, каде што настапува нашиот Филип Савовски ја освои тутулата во Одбојкарскиот суперкуп на Србија 2023.

Во финалето кое се одигра во Крушевац, Војводина беше поуспешна од екипата на Партизан и ја освои петтата тутула со резултат 3:1 (25:20, 25:23, 21:25, 25:19) во сетови.

Најдобри поединци во победничката екипа беа Лука Станковиќ со 23 , Жарко Убипапир со 14, Андреј Рудиќ со 10 и нашиот Филип Савовски со 7 поени, а кај поразениот Партизан кој има една титула и тоа минатата година најдобари поединци беа Милија Мрдак со 19 и Лука Тадиќ со 15 поени.

Според информациите од Србија после асот на нашиот Филип Савовски воедно и започнало славењето на Војводина.

(„Nije Parizan uspeo da se vrati do kraja, da bi posle asa Savovskog počelo veliko slavlje Novosađana“)

 

Сподели на Facebook и Twitter