Заврши турнирот во мал фудбал

Заврши турнирот во мал фудбал 3+1 организиран од младите волонтери на Црвениот Крст

Изминативе три дена имавме ЦКА ПХВ хуманитарен турнир во мал фудбал во Пробиштип, во кој учество земаа 16 екипи како од нашиот град, така и од Штип и Кратово.

Победничка екипа беше екипата на Драган Јовчевски, Саве Савевски, Даријан Трајчов и Дино Славевски.

Победниците добија медали и дипломи, второто и третото место исто така доби дипломи.

Ова беше последен настан во склоп на ЦКА ПХВ малите проекти за циклусот 2022 година а сега ни преостанува собраните донации да ги предадеме онаму каде што е најпотребно.

Ангела Георгиевска

Сподели на Facebook и Twitter