Во саботата (10.06.2023), Пробиштип беше домаќин на второто WKC Балканско првенство за кадети, јуниори и сениори и WKC Балкански куп за деца, кое што се одржа во спортската сала „Софија Петровска“. На ова првенство учество зедоа карате клубови и федерации од Романија, Србија, Република Српска и Македонија.
Нашите каратисти од Вадо карате ДО Унија Пробиштип имаа одличен настап на ова првенство и се закитија со многу медали:
Кати поединечно
11 златни
10 сребрени
7 бронзени
Кати екипно
3 златни
4 сребрени
5 бронзени
Борби поединечно
2 златни
4 сребрени
5 бронзени
Борби екипно
2 златни
2 бронзени
Честитки и за организаторите и учесниците и од Пробиштип инфо, кој што беше присутен во текот на целото првенство, и во видеото што го подготвивме може да видите како ние го видовме ова Балканско првенство.