Уште едно инзвонредно издание на ПРОБИШТИПСКИОТ МАСКЕНБАЛ

Вчера на преполното ракометно игралиште беше одржан 12от по ред ПРОБИШТИПСКИ МАСКЕНБАЛ

Пробиштип вчера беше под маски. Весела атмосфера и многу маски на Пробиштипскиот маскенбал 2023. 

Секоја наредна година оваа манифестација буди се повеќе интерес кај граѓаните, но и повеќе креативност кај учесниците. Годинава од гостинските и домашните маски, за најдобри се избрани следниве маски: 

  Прво место: Див запад -VIII-1 подрачно училиште „Кирил и Методиј“ од Злетово и 

Октобафест од средно училиште „Наум Наумовски – Борче“; 

  Второ место: Весели тотеми – VII-a од основно училиште „Никола Карев“ и 

Среќата е едноставна – VII-a, б, в од основно училиште „Браќа Миладиновци“. 

  Трето место: Вљубениот Петар Пан – VIII-a од основно училиште „Никола Карев“ и 

Бахамас Мама – IX-в од основно училиште „Браќа Миладиновци“. 

  Најинвентивни маски:

Зоотопија -балетско студио „Магија“ од Дом на култура „Злетовски рудар“ и 

Шеиците од шесто -VI од основно училиште „Никола Карев“. 

  Гостински маски: 

Прво место: Волшебникот од Оз од Радовиш, 

Второ место: Еко танцувачки машини за перење од Струмица, 

Трето место: Barbie girl од Чешиново Облешево. 

 Општина Пробиштип 

 

Сподели на Facebook и Twitter