Успешно реализирана вчерашната хуманитарна забава во Blue Note Cafe

Клубот на млади ООЦК Пробиштип и Blue Note Cafe заеднички во хуманитерен поход за помош на малата Меланија

Вчера во Blue Note Cafe беше одржана хуманитарна денска забава од страна на Клуб на млади ООЦК Пробиштип. За прекрасната атмосфера се погрижија dj Ceco и dj Tasev. Целта на настанот беше да се соберат  парични средства кои и се потребни на малата Меланија, најмалечка од трите деца на самохрана мајка од Злетово, за операција на очите . Исто така во духот на празниците граѓаните донираа новогодишни пакетчиња кои ќе бидат подарени на деца од социјално загрозени семејства. Празниците се вистинско време за да се покаже хуманоста, а тоа уште еднаш го докажаа граѓаните на нашиот град.

Клуб на млади ООЦК Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter