ГЛУВАРЧЕ (Taraxacum)

Јануари е идеален за собирање на толку лековитиот корен од глуварче. Одберете чист терен, искористете го убавото време и соберете си го коренот од ова лековито растение.

ГЛУВАРЧЕ (Taraxacum)

   Едно растение кое можете да го сретнете буквално насекаде во околината на Пробиштип, од ливади, дворови па се до пукнатини во асфалтот е ГЛУВАРЧЕТО. Многумина не го забележуваат, некои го сметаат за плевел, но вистината е дека тоа е лековито растение кое ни помага во борбата со многу заболувања. 

  Глуварчето (Taraxacum) спаѓа во родот на билки и е од фамилијата Asteraceae. Тоа е повеќегодишна билка со жолти цветови, успешно расте на секое земјиште, но најмногу му одговараат ливадите и тревниците, пустите места и напуштените ниви. Расте и покрај патиштата и околу населените места.  

 Уште древните народи знаеле дека глуварчето има лековити својства, а дека сокот исцеден од младото глуварче го подобрува нарушеното здравје. Познато е по својата лековитост, но и како здрава храна. Содржи високи концентрации на витамини (А, Б, Ц, К), тиамин, рибофлавин, минерали (особено со калиум, натриум, магнезиум, цинк, железо, калциум ), фолна киселина, флавоноиди, пелин …   

Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места. Тие може да се додаваат и на други свежи салати, да се ставаат во чорби, да се прават вкусни и здрави сосови од нив и да се додаваат на месото печено на жар. 

Вистинските гурмани тврдат дека закиселените или маринирани цветни пупки од глуварчето се одлични за правење разни вкусни и здрави сосови и преливи 

  Во народната медицина глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Во Бугарија, глуварчето широко се применува и како средство за лекување на атеросклерозата, а во Германија и во Полска глуварчето се користи и како природен лек против камен во бубрег и како еликсир во периодот на реконвалесценцијата (закрепнувањето) по прележаните тешки инфективни заболувања. 

  Во народната медицина се користи и за лекување на гихт, ревматизам, кожен исип, фурункулоза (гнојни чиреви на кожата), како природен лек за болести на  црниот дроб и жолчната кеса , за подобар апетит и подобро варење на храната и за намалување на вошокот килограми. 

 Во современата медицина глуварчето има големо значење како средство што помага во нормализацијата на размената на материите во организмот, а поради својата лековитост се користи и како база за производство на многу лекови.  

 За лек треба да се користи глуварче кое расте во чиста средина. Урбаното глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите, па затоа не се препорачува, бидејќи може повеќе да му наштети отколку да му помогне на организмот. 

 Во изминатите години се докажа дека коренот од глуварче е навистина ефикасен во лекување на одредени малигни заболувања. Во некои научни кругови се мисли дека е поефикасен од хемотерапијата – таа ги уништува сите клетки, додека глуварчето ги убива само канцерогените. По серија на истражувања на канадски научници покажа дека коренот од глуварче ги уништува клетките на ракот, без да нанесува никакви штети на здравите. Чајот подготвен од коренот на глуварче предизвикув распаѓање на канцерогените клетки во рок од 24 часа. Се препорачува овој третман да е подолготраен , со што се зголемува можноста од целосно отстранување на сите канцерогени клетки.   

 Во Македонија најчесто се користи свежо , како салата, исушено за чај, но се повеќе од него се подготвуваат и разни сирупи, тинктури, како и мед од глуварче.  

  Лековите на база на глуварче не треба да се земаат подолго од месец и пол, бидејќи прекумерната доза може да ги оптовари органите за варење и да предизвика несакани ефекти. Ако се користи во препорачаните количества, глуварчето е еден од најсилните лекови од природата. 

 Јануари е идеален за собирање на толку лековитиот корен од глуварче. Одберете чист терен, искористете го убавото време и соберете си го коренот од ова лековито растение. Се суши на свеж воздух во тек на две недели и за подолготрајна ефикасност се чува во затворена тегла на темно и суво место.  Секако, препораката е иста како и за собирање на сите лековити билки-бидете внимателни, не го уништувајте целото растение, бидејки тоа треба да израсне повторно, со што ќе ни овозможи многу години да имаме бенефит од него.

Силвана Пеншова   

Сподели на Facebook и Twitter