КАМИЛИЦА- Matricaria chamomilla

Растението камилица има исклучително убав и пријатен мирис, а може да се појави во повеќе видови. Расте на полиња, запуштени земјишта, покрај патишта, шумски ливади, на падините, полиња со пченка... 

  Ако прошетате низ ливадите во околината на Пробиштип, со сигурност ќе наидете на едно растение, кое во нашите домови се користи како ,,лек за сите болести“- Камилица – лат. Matricaria chamomilla.  

  Камилицата , претставува тревесто растение кое секоја година цвета, високо 20-60 см. Стеблото е исправено, листовите се мали, а цветовите се жолти во средишниот дел, обрабени со бели миризливи ливчиња. 

Растението камилица има исклучително убав и пријатен мирис, а може да се појави во повеќе видови. Расте на полиња, запуштени земјишта, покрај патишта, шумски ливади, на падините, полиња со пченка… 

Потеклото на камилицата датира од далечниот Египет, каде што камилицата се споменува како едно од светите растенија кое било посветено на сонцето. Има универзална примена во народната медицина и науката. Тоа е еден од најстарите народни лекови. Сувиот цвет од камилица (Chamomillae flos) се користи за правење многу природни производи. 

  Лековитите својства на камилоцата потекнуваат од нејзините цветови кои се богати со испарливи масла како : бисабиол, бисабиол оксиди А и Б и матрицин, флавоноиди и други лековити супстанци. Исто така богат е и со флавоноиди, фитостероли, танини, гликозиди, слуз, витамин Ц, ниацин, есенцијални масла, ескитерпен лактони, кумарини, амино киселини, горчливи состојки, холин… 

Камилицата има антиинфламаторно дејство. Се користи при заболувања на дигестивниот тракт – гастритис, колитис и гасови во стомакот. Има корисен ефект на камења во бубрезите и мочниот меур. Камилицата често се препорачува како лек при воспалителни процеси на дишните патишта. Болести како фарингит и ларингит реагираат многу добро од инхалации со камилица. Чуда прави и чајот од оваа билка, кој е со пријатен, малку горчлив вкус. Надворешно за промивање камилицата се применува при воспаление на слузницата на очите, на матката и при хемороиди. Камилицата содржи гликозиди, кои помагаат за лачењето на желудечниот сок и го подобрува апетитот. Хамазуленот пак има добро изразена хипоалергична акција (при астма) и локално анестетска акција. Тој влијае благотворно и врз метаболизмот во организмот.Инфуз од цветовите на камилица во форма на облоги се употребува при  лекување рани, влажни егземи, отоци. Чајот од камилица помага при болна менструација, крварење на матката , несоница. Билката наоѓа примена и при ревматизам, невралгични болки, алергиски гастритис, нервна ексцитабилност, епилепсија, главоболка. За забоболка и болно грло се препорачува гаргара од камилица 3-4 пати дневно. Како универзален лек камилицата има широка примена и во козметиката. Таа е составен дел на многу креми за лице и тело, шампони, пасти за заби и др. 

       Најчесто камилицата се користи во форма на чај. Тој помага при несоница, покачена температура, настинки, непријатности во органите за варење на храната и сл. Го користиме и при гингивит, апцес на заб, воспалени крајници и грло. Чајот освен за пиење можеме да го користиме и за гаргара, инхалација, или облоги при иритации на кожата.  

Камилицата може да се подготви и како тинктура или есенцијално масло, па и на тој начин да најде примена во вашето секојдневие.  

  Постапката на берење и сушење е вообичаена. Нјмалку четири  сончеви денови без дожд, се собира во периодот од 10-14ч . Се берат цветовите, секако внимателно, а сушењето е брзо, на место каде има провев.
 и секако апел за сите што собираат лековити растенија, не само камилица, тоа да го прават совесно, без да ја оштетат билката, бидејки и догодина ќе треба да ја собреме и да ги користиме нејзините лековити својства. 

Силвана Пеншова

Сподели на Facebook и Twitter