МАСОВНА ПОДДРШКА ЗА ХУМАНИТАРНАТА ИНИЦИЈАТИВА НА ПРОБИШТИП ИНФО

На нашата Марија Савевска Арсов од се срце и посакуваме успешно да ги надмине овие здравствени предизвици, да покаже сила како до сега така и понатаму, за сите да бидеме сведоци како ако се сплотиме можеме многу да направиме.

По вознемирувачката информација дека наша сограѓанка се соочува со голем здравствен предизвик, кој дополнително е усложнет со недостаток на финансиски средства, Пробиштип инфо како и многу пати до сега отпочна хуманитарна иницијатива.

За помош се обративме вообичаено до нашите сограѓани, кои како и секогаш масовно се вклучија во проектот.

За неколку часа информацијата беше споделена неколку стотина пати, се направија лични контакти како со нас како иницијатори, така и дирекно со нашата сограѓанка Марија за информации за начините како се може да се помогне.

Пристига помош од граѓани кои се во Пробиштип но и надвор од него, од одредени фирми, од група на граѓани…

Особено не радува фактот што на оваа хумана иницијатива се приклучија и најмладите, учениците од основното и средното училиште, кои освен финансиски, дадоа и морална поддршка, во нивно име изразена преку перото на нивна наставничка.

Голема благодарност до сите кои се вклучија во успешната реализација на оваа хуманитарна иницијатива, која продолжува и понатаму.

На нашата Марија Савевска Арсов од се срце и посакуваме успешно да ги надмине овие здравствени предизвици, да покаже сила како до сега така и понатаму, за сите да бидеме сведоци како ако се сплотиме можеме многу да направиме.

Пробиштип инфо

 

 

Сподели на Facebook и Twitter