МЛАДИНСКИ ЛЕТЕН КАМП НА ТРКАЛЦА

Летен младински камп со Младински центар Пробиштип. Лето е луѓе! Каде пред одмор? Бидете млади и пријавете се заедно да патуваме!

Во рамки на летната програма Младински центар Пробиштип, организира тридневен летен камп за активизам кој е наменет за млади на возраст од 14-16 години. Кампот ќе се спроведува во три општини (Пробиштип, Кавадарци и Гостивар) со по 10 учесници од Пробиштип и Кавадарци. Датумите за кампот се 22 (Пробиштип), 24 (Кавадарци), 26 (Гостивар) јули, а се замислени како еднодневни посети на градовите. Во секој од градовите ќе има половина ден работилници на темата и половина ден истражување на градот и културата и дружење со младите. По спроведувањето на кампот учесниците ќе имаат за задача да спроведат една заедничка иницијатава во заедницата. Трошоците за превоз и храна ќе бидат покриени од младинскиот(те) центар(и), а учеството во кампот е целосно БЕСПЛАТНО. Пријавувањето е отворено до 07.07.2024 23:59 со пополнување на овој формуларот на следниов ЛИНК. Оваа година има место само за 10 млади од Пробиштип. Со самото пријавување не значи дека сите пријавени ќе бидат прифатени, за ова е одреден посебен систем на селекција кој можете да го најдете на овој ЛИНК.

Што ги очекува учесниците? Авантури во три града: Започнуваме во Пробиштип, продолжуваме во Кавадраци и завршуваме во Гостивар. Секој град нуди уникатни активности и нови пријатели! Младински активизам на забавен начин: Дознај што е младински активизам преку интересни и интерактивни активности. Ќе учиш додека се забавуваш, без да забележиш дека учиш! Културни екскурзии и дружба: Истражи ги локалните знаменитости, откриј ги тајните на секој град со нови локални пријатели. Доколку ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте не на mladinskicentarprobishtip@gmail.com или на 070 911 366.

Валентино Нанев

Сподели на Facebook и Twitter