„НАСЕКАДЕ НЕ ИМА“ – Најнов проект на Пробиштип инфо

Вчера беше емитуван првиот подкаст во наша реализација, насловен како „Насекаде не има“

Вчера на нашиот Youtube канал @probistipinfo2020 беше емитувано првото издание на најновиот проект на Пробиштип инфо, ПОДКАСТ насловен како „НАСЕКАДЕ НЕ ИМА“ , посветен на нашите сограѓани кои живеат и работат надвор од Македонија подолго време. Преку овој проект сакаме да ги претставиме пред  пробиштипјани , како живеат таму, со што се занимаваат , како го доживуваат Пробиштип – Македонија или со еден збор да ни бидат близу иако се далеку.

Доколку сеуште го немате погледано првиот подкаст, погледајте го, бидејќи имавме интересен гостин, Сашо Јосифовски наш сограѓанин кој повеќе од 10 години живее и работи во Абу Даби , Обединетите Арапски Емирати и кој ни ја раскажа неговата животна приказна.

Сподели на Facebook и Twitter