Попладневна едукативна прошетка до месноста Крст насловена “Сакај се себеси”

Може да учествуваат лица од 15 - 29 години, а настанот ќе се одржи на 18.7.2023 од 16:30

Младинска организација ГРИТ има тековен проект насловен “Ин Академи”.

Во првата фаза 15 млади од нашата држава учествуваа на ЕРАЗМУС+ младинска размена во Словачка каде преку неформална едукација стекнаа нови знаења за теми актуелни за нив и нивните врсници.

Втората фаза се одвива моментално, а добрата вест е тоа што можете да им се приклучите во остварувањето на нивната цел, пренесувањето на стекнатото знаење со врсниците на локално ниво.

Овој дел ќе опфати реализирање на неколку мали локални проекти од кој првиот е “Сакај се себеси”.

Попладневна едукативна прошетка до месноста Крст насловена “Сакај се себеси” преку која ќе обратиме внимание на нашето ментално здравје. Може да учествуваат лица од 15 – 29 години, а настанот ќе се одржи на 18.7.2023 од 16:30.

  Агенда:

16:30 – 17:00 Пешачење

17:00 – 17:15 Пристигнување и пауза

17:15 – 19:30 Неформална едукација на тема “ментално здравје” преку интерактивни вежби

19:30 – 20:20 Пикник на зајдисонце

20:20 Тргнување кон дома Резервирајте го вашето учество најдоцна до 16.07(недела) со пополнување на следната апликациона форма:

КЛИКНИ ТУКА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ФОРМУЛАРОТ

Сподели на Facebook и Twitter