Во 1948 г. СЗО го одржала своето прво Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.