СТЕРИЛИТЕТ

Совет, водете здрав живот и раѓајте до 35 години

        Д-р Ванче Какашевски

         Специјалист по гинекологија и акушерство

 

 

 

 

Неможноста една двојка да зачне по најмалку една година незаштитен сексуален однос со нормална фреквенција се нарекува стерилитет. Поимот стерилитет треба да се разликува од поимот инфертилитет. Стерилитетот претставува неспособност за концепција (оплодување), а инфертилитетот означува неспособност бременоста да се одржи докрај, односно додека детето не биде способно за живот. Тоа значи дека инфертилната жена е способна за концепција, но  порано или подоцна во текот на бременоста доаѓа до абортус. 

Статистичките податоци говорат дека повеке од 20% од сите бракови се соочуваат со овој проблем, со тенденција на зголемување на процентот. Кај една третина од стерилитетот причината е кај жената , кај другата третина причината е мажот а кај третата третина и покрај напредокот на медицината на ова поле причината неможе да се открие,поради што и оваа група на стерилни бракови е најтешка за третман и со најмал успех.  

Како класични причини за стерилитет кај жената сe наведуваат:   

– оштетување на јајоводите, односно зачепување на јајоводите поради воспаление на гениталиите или на стомачната празнина,   

– после операции на стомачна празнина,   

– после туберкулоза на стомачните органи -хормонални нарушувања од разна природа како кај полицистични јајници, дисфункција на хипоталамус или хипофиза, хиперпролактинемија, хипотироидизам (намалена функција на тироидната жлезда) и сл,  

 -ендометриоза(за ова пишував во поранешните дописи)  

 -нарушување на телото и грлото на матката, вклучувајки бенигни и малигни тумори   

-анатомски конгенитални абнормалности на женскиот репродуктивен систем.   

Она што посебно би го истакнал како проблем од моето искуство со овој проблем е следното:  

Поместување на периодот кога паровите се одлучуваат да стапат во брак и да започнат со забременување e незанемарлив проблем кај стерилитетот.   

Репродуктивниот потенцијал кај жената е максимален на 30 г. до кај 35г, по што нагло паѓа,квалитетот на јајните клетки исто така опаѓа со староста(во нормали ситуации половина од јајните клетки се неквалитетни поради што е и препораката да се чека 1-1,5 г, пред преземање на дијагностички процедури,

 -квалитетот на матката исто така опаѓа со годините, појава на миомите кои се присутни кај половина од жените исто е во корелација со годините,   

-се поприсутниот стрес  и лошите животни навики ,  

загадената околина и храна   

Оттука советот е здрав живот и раѓајте деца до 35 години. 

Сподели на Facebook и Twitter