Успешен ден за учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци” на Државните натпревари по Народна техника и физика

Денес учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци " имаа успешен ден, во кој на два државни натпревари освоија повеќе награди

Денес учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци ” имаа навистина успешен ден, во кој на два државни  натпревари освоија повеќе награди. 

На Државниот натпревар по Народна техника, Матеј Димитровски ,8¹ одделение освои 1(прво) место. Исто така, беа доделени и државни признанија на учениците Мила Јосифовска и Матеј Јовановски за најупешна презентација на своите трудови како најмлади ученици од 5 одд. -ментор Александар Михајловски. 

На Државниот натпревар по физика за ученици од основни училишта учениците и нивниот ментор ги постигнаа следните резултати: 

Калина Милисова, 9б одделение, освои втора награда-ментор Ратка Стојановска 

Христијан Атанасов, 8б одделение, освои трета награда – ментор Ратка Стојановска 

Ана Заовска, 9б одделение, освои пофалница-ментор Ратка Стојановска  

Честитки до наградените ученици и нивните ментори! 

Сподели на Facebook и Twitter