На денешен ден

На денешен ден пред повеќе години 08 јуни

632.- Умре Мухамед, основачот на исламот.

1508.- Во Рашица, Словенија, е роден Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор и писател, „татко на словенечката книга“. Во 1551 година издаде прва печатена книга на словенечки јазик. Умре во Дерендинген, Германија, на 26 јуни 1586 година.

1695.- Умре холандскиот астроном, математичар и теориски физичар Кристијан Хајгенс.

1809.- Умре англискиот политичар и писател Томас Пејн, татко на американската независнот. Во 1714 година во Америка во наредните десеттина години објави низа статии, вклучувајќи ги „Здрав разум“ и „Криза“ со кои ги поттикнуваше американските колонисти во борба против британската колонијална управа.

1810.- Роден е германскиот композитор и музички писател Роберт Александер Шуман, еден од најзначајните претставници на романтизмот. Се истакна како лиричар и автор на клавирски минијатури. Го основал списанието „Neue Zeitschrift fur Musik“ во кое одлучно се бореше против конзерватизмот во музката. Дела: симфонии, „Концерт во a-mol за клавир и оркестар“, концерти за клавир, концерти за виолончело, циклуси соло песни „Поетска љубов“, „Љубов и животот на жените“, клавирските композиции „Карневал“, „Детски сцени“.

1814.- Роден е англискиот писател Чарлс Рид. Дела: „Манастир и огниште“, „Никогаш не е премногу доцна“, „Во готово“, „Грифит Гонт“.

1869.- Роден е американскиот архитект Френк Лојд Рајт, еден од творците на модерната функционална архитектура. Конструираше низа објекти, вклучувајќи ги Гугенхајмовиот музеј во Њујорк и хотелот „Империјал“ во Токио.

1876.- Во Нохант умре Жорж Санд (вистинското име и е Орора Дипен), француска писателка, чии собрани дела опфаќаат повеќе од стотина томови. Таа беше борец за еманципација на жените и голем критичар на хипокризијата во тогашното општество. Пишуваше сентиментални, социјални  романи и раскази за селото. Родена е во Париз, на 1 јули 1804 година.

1916.- Роден е англискиот биохемичар Френсис Хенри Комптон Крик, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1962 година. Ја разјасни структурата и обликот на молекулите на дезоксирибонуклеинските киселини и нивната улога во пренесувањето на наследните особини.

1921.- Роден е индонезискиот диктатор Сухарто. Тој ја презеде власта по неуспешниот државен удар во септември 1965 година. Во текот на владеењето од 1968 до 1998 година владееше автократски. Беше принуден да поднесе оставка заради притисокот од студентските демонстрации и немири.

1929.- Маргарет Бондфилд стана министер за труд, станувајќи прва жена член на влада во британската историја.

1934.- Во селото Колешино, Струмичко, е роден Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Неговото дело е мошне обемно. Покрај другото, беше уредник на списанијата за деца „Другарче“ и „Наш свет“ и директор и главен и одговорен уредник на НИК „Наша книга“. Умре во Скопје, на 14 април 1997 година.

1942.- Јапонски подморници во Втората светска војна го бомбардираа најголемиот австралиски град Сиднеј.

1944.- Претседателот на британската влада Винстон Черчил побара од САД да се согласи со поделбата на интересните сфери на Балканот, по војната – Бугарија и Романија беа препуштени во „советска надлежност“, а Југославија „рамноправно поделена“ на советска и британска „зона на влијание“.

1946.- Умре германскиот писател Герхарт Хауптман, добитник на Нобеловата награда за литература во 1912 година. Дела: „Пред зората“, „Даброво крзно“, „Зимска балада“, „Црвениот петел“, „Електра“, „Превозникот Хенсел“, „Осамени луѓе“, „Роза Бернд“, „Стаорци“, „Чувар на пругата Тил“.

1986.- И покрај уверливите обвиненија за злосторства кои како нацистички официр ги направи во Втората светска војна во Југославија и во Грција, поранешниот генерален секретар на ОН Курт Валдхајм е избран за претседател на Австрија.

1991.- Официјално е соопштено дека во Заливската војна загинаа 100.000 Ирачани и 203 војници на меѓунардоните сили, од кои 144 Американци.

2003.- Пољаците со огромно мнозинство на рефернредум се изјаснија за влез на земјата во Европската унија.

2013.- Шведската принцеза Меделин се венча за њујоршкиот банкар Кристофер О’Нил. Триесетгодишната Меделин е најмалата од трите деца на кралот Карл Шеснаесетти Густав и кралицата Силвија и четврта на листата за наследство на престолот. Нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил е осум години постар од неа и е копоственик на инвестицискиот фонд „Носер капитал“. Тие се запознале во Њујорк, каде принцезата работи во Светскиот детски фонд, добротворна организација, основана од нејзината мајка. Свадбената веселба се одржа во дворецот Дротнингхолм, во кој Меделин е родена.

Сподели на Facebook и Twitter