На денешен ден

На денешен ден пред повеќе години 22 јуни

1533  – По неуспешната опсада на Виена во 1529 година и безуспешниот поход на престолнината на Австрија во 1532 година, турскиот султан Сулејман Втори со Австрија мораше да потпише договор за мир.

1815  – Францускиот цар Наполеон Први четири дена по поразот на неговата армија кај Ватерло по вторпат мораше да абдицира од престолот и потоа е одведен на островот Света Елена, во Атлантскиот Океан, каде умре во 1821 година.

1874 – Воспоставена е првата телефонска врска помеѓу Бразил и Европа.

1898 – Роден е германскиот писател Ерих Марија Ремарк (вистинското име му беше Ерих Паул Крамнер). Дела: „На запад ништо ново“, „Враќање“, „Тројца воени другари“, „Небото не знае за милениците“, „Искра на животот“, „Триумфална порта“, „Љуби го својот ближен“, „Време на животот и време на смртта“.

1904 – На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, здружените чети на Славејко Арсов и на Атанас Бабата водеа тешка борба против турската војска. Во судирот загинаа голем број македонски борци, меѓу кои и војводата Славејко Арсов (роден е во селото Ново Село, Штипско, на 17 август 1878 година), а Атанас Бабата беше тешко ранет. Турската војска имаше 60 загинати и многу ранети војници.

1906 – Роден е американскиот филмски сценарист, продуцент и режисер од австриско потекло Били Вајлдер. Наградуван е на фестивалите во Кан и во Венција, а освои и неколку Оскари. Филмови: „Пропаднат излет“, „Булевар на самракот“, „Сабрина“, „Духот на Сент Луис“, „Љубов попладне“, „Некои тоа го сакаат жешко“, „Апартман“, „Еден, два, три“, „Слатката Ирма“, „Приватниот живот на Шерлок Холмс“, „Федора“, „Седум години верност“.

1907 – Во Рим е роден Алберто Моравија, италијански писател. Најпознати негови дела се “Рамнодушни луѓе”, “Конформист”, “Римјанка”, “Презир”, “Чочара” и “Римски приказни”. Умре во Рим, на 26 септември 1990 година.

1913 – Во Санкт Петербург излезе првиот број на списанието „Македонски голос“ („Македонски глас“), орган на приврзаниците на независна Македонија. Списанието излегуваше на руски јазик. Само песната „Крали Марко“ во бр. 9/1914 година е на македонки јазик, мијачки дијалект. Издавач на списанието беше Димитрија Чуповски. Списанието престана да излегува на 3 декември 1914 година, заклучно со бројот единаесет.

1941 – Во раните утрински часови, Хитлерова Германија го нападна Советскиот Сојуз. Копнените и воздушните борби го зафатија целиот фронт од Црно Море до Балтичко Море, со содејство на околу 200 пешадиски и механизирани нацистички девизии определени за секавична војна.

1941 – Италија и Романија му обајвија војна на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

1949 –Родена е американската филмска актерката Мери Луиз, позната како Мерил Стрип, добитничка на Оскар за филмовите „Јулија“, „Крамер против Крамер“ и „Софиевиот избор“. Други филмови: „Ловец на елени“, „Менхетен“, „Сенатор“, „Девојката на францускиот поручник“, „Моја Африка“, „Музика на моето срце“.

1969 – Умре американската филмска актерка и пејачка Џуди Гарланд, која се прослави уште како девојче со улогата во филмот „Волшебникот од Оз“, за која доби Оскар. Прекрасно ги толкуваше улогите во филмовите на Винсент Минели, еден од петте нејзини сопрузи, а нивната ќерка Лајза Минели исто така оствари прекрасна пејачка и актерска кариера. Останати филмови: „Бебе во војска“, „Да основаме оркестар“, „Бебе на Бродвеј“, „Малата Нели Кели“, „Сретни ме во Сент Луис“, „Часовник“, „Пират“, „Ѕвездата е родена“.

1976 – Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинување на смртната казна.

1987 – Умре американскиот филмски актер и пејач Фред Астер, еден од најголемите холивудски забавувачи: Филмови: „Роберта“, „Веселата распуштеница“, „Време на свингот“, „Цилиндер“, „Бродвејска мелодија“, „Никогаш нема да станеш богат“, „Смешно лице“, „На плажа“, „Подигни ја завесата“.

1992 – Костурите идентификувани како земни остатоци на рускиот цар Николај Втори и на неговиот малолетен син Александар се пронајдени близу рускиот град Екатеринбург (во советското време Свердловск). По наредба на Ленин, водачот на Октомвриската револуција, болшевиците во летото 1918 година во Екатеринбург го стрелаа целото царско семејство – царот, царицата, нивните пет деца, личниот лекар и послугата.

1999 – Претседателот на САД Бил Клинтон ја посети Република Македонија. Ова е прва посета на претседател на САД на Република Македонија.

2001 – Македонските безбедносни сили ја почнаа решавачката офанзива за чистење на теренот од албанските терористи во селото Арачиново, Скопско

Сподели на Facebook и Twitter