На денешен ден

На денешен ден пред повеќе години 27 јуни

1550 – Роден е францускиот крал Шарл Деветти. Во текот на неговото владеење од 1560 до 1574 година почнаа верските војни меѓу римокатолиците и хугенотите (француските калвинисти). По наговор на неговата мајка Катерина де Медичи, која делуваше во догвоор со папата Гргур Тринаесетти, во 1572 година го одобри колењето на хугенотите во Вартоломејската ноќ.

1743 – Во војната за австриското наследство, британскиот крал Џорџ Втори, како последен монарх на Велика Британија кој ги предводеше трупите во битките кај Детинген ги порази Французите.

1846 – Роден е ирскиот политички водач и национален борец за автономија Чарлс Стјуарт Парнел, кој воведе нови методи во борбата против Англичаните.

1858 – Со мирот во Тенцин заврши Кинеско-англиската војна. Кина беше принудена на англиските бродови да им отвори свои пристаништа и да ја легализира трговијата со опиум.

1916 – Во Берлин, под обвинение дека ги организирал демонстрациите во Берлин, пред суд е изведен Карл Либкнехт, еден од основачите на Комунистичката партија на Германија. Беше осуден на четири години затвор од којшто никогаш не излезе. Овој водач на германскиот пролетаријат беше ѕверски убиен на 15 јануари 1919 година.

1941 – Во селото Ростуше, Гостиварско, е роден Нијази Лимановски, основоположник на Културно-научната манифестација на Македонците муслимани, доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и претседател на Здружението на етнолозите на Македонија. Умре на 12 октомври 1997 година.

1941 – Унгарија и Финска му објавија војна на Советскиот сојуз.

1944 – Сојузничките сили во Втората светска војна го зазедоа францускиот град Шербур, важно пристаниште на Ламанш.

1946 – Министрите за надворешни работи на Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и на Франција одлучија на Грција да и припаднат Додеканеските Острови  во југоисточниот дел на Егејското Море, вклучувајќи го и најголемиот Родос, кои од 1912 година беа под италијанска колонија.

1954 – Првата нуклеарна електрана во светот е отворена во Обниск, близу Москва.

1976 – Гененералот Антонио Рамаљо Јанез е избран за претседател на Португалија на првите претседателски избори.

1977 – Официјално престана да постои прекуокеанската територија Афар и Иса која стана независна Република Џибути (држава во североисточна Африка).

1978 – Од советскиот космодром Бајконур е лансиран вселенскиот брод „Сојуз 30“ во кој беа полскиот мајор Мирослав Хермашевски и советскиот полковник Петер Климук. По осумдневниот престој во вселената, во кој и двајцата космонатуи со сретнаа на орбитната станица „Саљут – 6“ со екипажот на „Сојуз 29“, Владимир Коваљонок и Александар Иванчеков, „Сојуз 30“ се врати на Земјата.

1995 – Република Македонија и Монголската Народна Република воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

2000 – Според извештајот објавен во седиштето на Обединетите нации од сида дотогаш ширум светот починале 19 милиони луѓе.

2002 – Русија стана полноправна членка на ексклузивниот клуб на најразвиените земји во светот Г-8.

2013 – Умре Абдурахман Алити, поранешен претседател на ПДП, пратеник и амбасадор. Алити е роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Извршувал повеќе функции во Собранието на општина во Тетово (1969 – 1988). На првите демократски парламентарни избори беше избран за член на Собранието. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), е избран за заменик-претседател во Парламентот. Од 2006 година беше претседател на Партијата за демократски просперитет. Од 2005 до 2008 ја извршуваше функцијата амбасадор на Македонија во Бугарија.

Сподели на Facebook и Twitter