Конституиран новиот Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип

Викендов што измина беше конституиран новиот Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип. Општинскиот Комитет го сочинуваат искусни и докажани професионалци во своите области но и млади, перспективни и образовани кадри
Викендов што измина беше конституиран новиот Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип. Општинскиот Комитет го сочинуваат искусни и докажани професионалци во своите области но и млади, перспективни, образовани кадри полни со знаење и желба за докажување. 
Во составот на ОК Пробиштип членуваат лицата: м-р Оливер Митев – Правни науки, м-р Дејан Арсовски – Проф. по географија, Дарко Герасимовски – Дип. Правник, Ирена Ѓоргиевска – Одд. Наставник, д-р. Горан Митевски – специјализант по кардиологија, Марија Насевска – Дипл. Филолог, Јорданчо Јакимов-Даскало – Одд. Наставник, Јованка Данева – Дипл. Правник, Јорданчо Димитриев – Дипл. Шумарски инженер, Деспина Китановска Трајковска – Дипл. Економист, д-р. Синиша Даневски – специјализант по медицинска биохемија, Добринка Спасовска – Дипл. Правник, Јонче Ѓоргиев – Проф. по физичка култура, Маргарета Анѓеловиќ – Дип. инж. технолог (Унија на Жени), Гоце Јосев – Дипл. Економист, Драгана Арсова – Дипл. Правник, Драган Златанов – Дипл. Шумарски инженер, Тања Кимова – Економист, м-р Игор Манасов – менаџмент на човечки ресурси, Лена Лазаревска – Одд. Наставник, Стефанија Ефремова – Дипл. Правник, Жика Анѓеловик – Машино-бравар (Унија на Ветерани), Дарио Петков – Машински тех. (Унија на млади сили), Денис Пановски – апсолвент на Фак. за безбедност, Викторија Адрманова – дипл. Економист и м-р Александар Богатинов – Проф. по филозофија.
Од Општинскиот Комитет во Пробиштип истовремено порачуваат:
ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија и ги повикува сите кои се заинтересирани со свој личен ангажман да се вклучат и помогнат во креирањето на политики кои ќе донестат подобро утре на граѓаните на Општина Пробиштип и Република Македонија.
Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter