Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор
ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК
На кои предупредувачки знаци треба да се внимава, пред да биде предоцна !
Покачениот крвен притисок (ХИПЕРТЕНЗИЈА) на почетокот нема никакви знаци па затоа се нарекува и ,,тивок убиец“.
Но, постојат некои предупредувачки знаци на кои треба да се обрати внимание.
- Главоболка
- Замор и вртоглавица
- Болка во градите
- Пореметување на видот
- Отежнато дишење
Кај секоја личност со покачен крвен притисок може да се појават било кој од овие симптоми.
Секоја вредност на крвниот притисок повисока од 140/90 треба да биде причина за загриженост и да побарате лекарска помош од вашиот матичен доктор.
Единствен начин да откриете дали имате покачен крвен притисок е со негово редовно мерење.
Постојат општи препораки до кои треба да се придржувате за вашиот животен стил да доведе до добра регулација на крвниот притисок:
– престанок на пушењето
– намалување на телесната тежина (и нејзина стабилизација)
-намалување на прекумерниот внес на алкохол
– физички вежби
– намалување на внесот на сол
– зголемување на внес на овошје и зеленчук , а намалување на внес на заситени и вкупни масти
Третманот на покачениот крвен притисок е доживотен.