Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Можеме да уживаме во летните убавини но со почитување на препораките за заштита на нашето здравје

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

ВИСОКИТЕ ЛЕТНИ ТЕМПЕАТУРИ И УВ – ИНДЕКС 

 

  Летото започна, високите температури исто така и за да го заштитиме нашето здравје мора да ги почитуваме општите препораки за заштита на здравјето.  

Во тек на екстремно жешките денови треба: 

– да не се излегува непотрeбно во период од 10-17 часот  

– да се престојува во затворени ( климатизирани простории)

-да се носи светла и лесна облека  

– при дирекна изложеност на сонце заштитни очила и капа 

-за сончање да се користи кремa со висок заштитен фактор  

Особено треба да се внимава на исхраната:  

– да се внесува поголемо количество на течности, најдобро обична вода за пиење 

– да се избегнуваат алкохолни пијалоци 

– да се внесува помало количество свежо припремена храна, претежно овошје и зеленчук, а да се избегнува мрсна храна  

– поради опасност од труење со храна, се препорачува задолжително миење на производите, термичка обработка и еднократно користење на припремената храна  

Пред влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.  

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија во консултација со матичните лекари. Можеме да уживаме во летните убавини но со почитување на препораките за заштита на нашето здравје. 

Сподели на Facebook и Twitter