На денешен ден

1984 - Во Скопје умрел Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност добил повеќе награди и признанија. Роден бил во Велес, на 20 ноември 1906 година

1542 – Папата Павле Втори донесол одлука за основање на инквизиција во Рим.

1798 – По победата во битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарта стана владетел на Египет.

1816 – Роден е основачот на британската новинска агенција Ројтер – Паул Џулиус фон Ројтер. По потекло германски Евреин, а вистинското име му е Израел Бир Јосафат. Извесно време работел во новинската агенција Авас во Париз, а потоа ја основал новинската агенција Ројтер, која и денес го носи неговото име. Ројтер е втора по француската Аваса (денешната Франс прес) најстара новинска агенција во светот.

1899 – Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден Ернест Милер Хемингвеј, американски писател. Учесник во Првата светска војна, во Шпанската граѓанска војна и во Втората светска војна. За романот „Старецот и морето“ во 1954 година ја добил Нобеловата награда за литература. Извршил самоубиство во својата куќа во Кечам, во американската сојузна држава Ајдахо, на 2 јули 1961 година.

1960 – Сиримаво Бандаранаике била избрана за премиер на Шри Ланка и така станала прва жена претседател на влада во историјата на британскиот комонвeлт.

1969 – Американскиот космонаут Нил Армстронг стапнал на површината на Месечината. Тој е првиот човек кој стапнал на површината на Месечината. По триесеттина секунди тоа го сторил и Едвин Олдрин. Овој потфат бил реализиран со американскиот вселенски брод „Аполо 11“ и со помош на неговото лунарно возило „Орел“ и космонаутот Мајкл Колинс кој за тоа време кружел околу орбитата на Месечината со матичниот брод „Аполо 11“. Притоа Нил Армстронг ја изговорил историската реченица: „Тоа е мал чекор на човек, но голем скок на човештвото“.

2001 – Во Скопје умрел Крсте Црвенковски, народен херој на СФР Југославија, од Македонија. Роден бил во Прилеп, на 16 јули 1921 година.

2013 – Принцот Филип ја положил кралската заклетва пред Парламентот и со тоа станал седмиот монарх на Белгија, откако неговиот 79-годишен татко Алберт абдицирал. Филип (53) ја положил заклетвата на трите официјални јазици – холандски, француски и германски. Белгискиот крал Алберт Втори своеволно абдицираше во корист на синот, после 20 години на тронот, од здравствени причини.

– Национален празник на Кралството Белгија.

Сподели на Facebook и Twitter