На денешен ден

1942 - Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, бугарски и македонски поет, есеист, новинар и револуционер.

1759.- Русите во Седумгодишната војна, под команда на генералот Петар Салтиков, ја победија пруската армија во битката кај Каја, на исток од тогашната Прусија. Во битката загинаа најмалку 6.000 Пруси.

1875.- Умре американскиот пронаоѓач Ајзак Мерит Сингер (Исак Мерит) кој во 1851 година разви прва шивачка машина која влезе во масовна употреба.

1885.- Умре американскиот генерал и државник Јулисиз Симпсон Грант, врховен командант на армијата на Север во граѓанската војна од 1861 до 1865 година.

1892.- Роден е етиопскиот цар Хаиле Селасие Први, кој во 1928 година по смртта на Менелик Втори е именуван за регент и крал, а во 1939 година е крунисан за цар на Етиопија. Од земјата избега во 1936 година, една година по агресијата на фашистичка Италија. Се врати во 1941 година и владееше до 1974 година, кога е симнат со ударот на левичарските офицери кои потоа и го убија.

1914.- По убиството на надвојводата Фердинанд во Сараево, Австро-унгарската монархија и упати ултиматум на Србија, обвинувајќи ја како главен организатор во сараевскиот атентат. Србија, по совет на царска Русија, го прифати речиси во целост, со исклучок на барањето на истрагата за атентатот на територија на Србија да ја вршат австроунгарските чиновници. За Австро-унгарската монархија тоа беше доволен повод пет дена подоцна да и објави војна на Србија. Со тоа почна Првата светска војна.

1915.- Во селото Битуше, Гостиварско, роден е Тихомир Милошевски, народен херој на Македонија. Беше генерал-полковник и прв командант на македонските воени единици во текот на НОВ на Македонија. Умре во Скопје, на 1 април 1984 година.

1916.- Умре шкотскиот физичар Вилијам Ремзи, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1904 година. Го испитуваше молекуларниот состав на чистите течности и ги откри гасовите хелиум, агрон, криптон, неон и ксенон. Докажа дека хелиумот се создава при радиоактивно распаѓање на радиумот.

1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, бугарски и македонски поет, есеист, новинар и револуционер. Еден е од основоположниците на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Во 1940 година ја издаде својата единствена стихозбирка „Моторни песни“. Роден е во Банско, на 7 декември 1909 година. Истиот ден беа стрелани Антон Попов-Дончо, бугарски и македонски револуционер, писател и публицист, и Атанас Романов, македонски патриот.

1942.- Почна Сталинградската битка меѓу германските фашисти од една страна и советската армија од друга страна.

1948.- Умре американскиот филмски режисер Дејвид Ворк Грифит, еден од најзначајните филмски творци во ерата на немиот филм. Филмови: „Нетрпеливост“, „Бегство“, „Големата љубов“, „Падот на Вавилон“, „Америка“, “Абрахам Линколн“.

1962.- Првпат во историјата е остварен директен телевизиски пренос преку Атлантикот. Преносот е извршен со помош на телекомуникациониот сателит „Телстар“.

1992.- Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.

1993.- Во Охрид умре Петар Калајџиски, еден од истакнатите претставници на македонското копаничарство, член на ДЛУМ. Роден е во 1914 година.

1993.- Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.

2001.- На македонско-албанската граница, кај месноста Рибница, е пукано врз патрола на АРМ, при што загина Миле Гиновски (на 43 години) од Кичевско, припадник на АРМ.

2001.- При одбраната на село Лешок, Тетовско, од албанските терористи е убиен Ѓоко Лазаревски (роден 1927 година), припадник на МВР на РМ.

Сподели на Facebook и Twitter