Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Вртоглавицата или вертиго може да варира од слабо чувство на нишање до силно вртење, проследено со мачнина и повраќање. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

                                           

                                     ВРТОГЛАВИЦА 

Вртоглавицата не е болест, таа е знак на некое заболување. 

Голем број на луѓе барем еднаш во тек на животот имаат почувствувано вртоглавица. 

Околу пет проценти од пациентите кај матичните доктори се жалат на вртоглавица. 

Ја опишуваат како занесување, пропаѓање, матност во главата, нестабилност, чувство како да се пијани.  

Вртоглавица или вертиго може да варира од слабо чувство на нишање до силно вртење, проследено со мачнина и повраќање. 

Болести кои предизвикуваат вртоглавица се: 

  1. Болести на срцето и крвните садови. 
  2. Болести на мозокот и нервното ткиво.
  3. Болест на центарот за рамнотежа, сместен во внатрешното уво. 
  4. Болести на крвта. 

Постојат и многу други причини за појава на вртоглавица: 

положбена вртоглавица, повреди, постара возраст, напнатост, стресна вртоглавица и друго.  

Заклучок:  

Не го игнорирајте симптомот вртоглавица. 

Ако ја почувствувате веднаш јавете се кај вашиот матичен лекар. 

Вртоглавицата може да е знак на многу тешка болест, но и да е безопасен знак на лесни, минливи болести. 

Сподели на Facebook и Twitter