На денешен ден

916 – Во Охрид умре Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Роден е околу 830 – 840 година.

1789 – Американскиот Конгрес основа Одделение за надворешни работи.

1824 – Роден е францускиот писател Алексадар Дима Син, кој ги удри темелите на народниот драмски театар. Напиша 16 театарски парчиња, вклучувајќи ја и драматизацијата на романот „Дамата со камелии“. Останати дела: драмите „Незаконски син“, „Дениза“, „Господин Алфонс“, „Полусвет“.

1830 – Во Франција изби триднева „Јулска револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл Десетти Бурбонски да ја укине слободата на печатот. Тој го распушти штотуку избраното собрание и изврши измени во изборниот закон. Парижаните подигнаа барикади и успеаја го соборат кралот Шарл Десетти, а на престолот го донесоа Луј Филип, кој како крал на Франција владееше до револуцијата во 1848 година, кога повторно станува република.

1835 – Во Вал ди Кастело, Тоскана, е роден Џозуе Кардучи, италијански поет, книжевен историчар и неокласичар. Напиша голем број песни и книжевни, естетски и филозофски студии. Познати се неговите дела „Варварски оди“, „Рими и ритми“ и други дела. Во 1906 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Болоња, на 16 февруари 1907 година.

1844 –  Умре Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на анатомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото “Нов систем на филозофијата и на хемијата”, го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена “далтонизам”. Роден е во Иглсфилд, во северниот дел на Англија, на 6 септември 1766 година.

1907 – Во Љуботин, Црна Гора, е роден Петар Лубарда, еден од најголемите црногорски сликари. Работеше слики, пастели и фрески инспирирани од пејзажите на Црна Гора, Париз и Дубровник. Од делата познати му се „Косовската битка“, „Гуслар“, „Пламен“, „Борба на коњи“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1974 година.

1915 – Во Фиренца роден е италијанскиот оперски пејач Марио дел Монако, еден од најпрочуените во светот. Умре во Венеција, на 17 октомври 1982 година.

1917 – Умре швајцарскиот хирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Тој ја испитуваше функцијата на штитната жлезда и значително придонесе за развојот на современата хирургија.

1921 – Канадските лекари Фредерик Грант Бентинг и Чарлс Бест првпат го изолираа инсулинот, што набрзо овозможи ефикасно лекување на дотогаш смртоносната шеќерна болест.

1927 – Во село Лавци, Битолско, е родена Фана Кочовска – Цветковиќ, најмлад народен херој од НОВ, носител на партизанска споменица 1941. Почина на 17 април 2004 година.

1954 – Велика Британија и Египет постигнаа договор за крај на 72-годишната британска контрола врз Суецкиот канал.

1955 – Република Австрија повторно стана суверена држава. Австрија во 1938 година беше окупирана и припоена кон Германија, а по Втората светска војна беше уште десет години под окупација на сојузничките држави.

1965 – Американските авиони во Виетнамската војна првпат ги нападнаа противвоздушните системи на северновиетнамската армија.

1970 – Во Лондон умре Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, директор на Њуроршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Роден е во Лондон, на 2 декември 1899 година.

1980 – Во Каиро умре иранскиот шах во бегство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владееше со Иран. Роден е во 1819 година.

1981 – Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.

1984 – Во Лозана, Швајцарија, умре Џемс Мејсн, познат британски актер, кој многу генерации го паметат по голем број успешни артистички остварувања во повеќе од 80 филмови и театарски дела. Филмови: „Бегалец“, „Човек во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулиј Цезар“, „Лолита“, „Лордот Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“.  Роден е во 1909 година.

1984 – На патот Скопје – Приштина, во сообраќајна несреќа загина Вецко Домазетовски, македонски писател, литературен критичар и новинар. Роден е во Белград, на 10 јануари 1950 година.

1990 – Белорусија ја прогласи независноста од Советскиот Сојуз.

1992 – Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната “Кузман Јосифовски – Питу” е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.

1996 – Во текот на Олимписките игри во Атланта експлодира бомба во забавен парк, усмртувајќи двајца и повредувајќи 110 луѓе.

2001 – Умре Ацо Петровски, филмски работник, продуцент и режисер. Беше претседател за кинематографија во владата на Н.Р Македонија во 1947 година. Ја формираше Кинотека на Македонија и беше нејзин прв директор. Има режирано повеќе документарни филмови: „Велигденски адети“, „Галичка свадба“, „Азот“, „Дервиши“ и други. Продуцент е на играните филмови: „Време без војна“, „Најдолгиот пат“, „Оловна бригада“, „Татко“, „Дубровски“ и друго. Роден е на 12 мај 1923 година во Тетово.

2002 – При урнување на украинскиот ловец „СУ-27“ на аеромитинг во близина на украинскиот град Л’вов загинаа 89 лица, а 199 беа повредени.

2007 – Во експлозија на камион-бомба во Багдад, во близина на пазарот Карадах, препоплн со купувачи, во шиитскиот дел од градот, загинаа 61 лице, а 94 луѓе беа ранети. Од експлозијата изгореа десеттина автомобили, а се запали и трикатна зграда.

 

 

Сподели на Facebook и Twitter