Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Докажано е дека ако во рок од 240 секунди (4мин),од престанокот на циркулацијата не се започне со срцево-белодробно оживување настанува неповратно мозочно оштетување. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

                                                                          СРЦЕВ ЗАСТОЈ 

Срцев застој е состојба во која срцето престанува да пумпа крв поради што телото останува без обезбедување со кислород и хранливи материи и за неколку минути човекот умира. 

Акутниот срцев застој е една од најитните состојби во медицината,која бара брза и непосредна дијагноза и лечење,затоа што времето за преживување,од моментот на настанување на срцевиот застој до започнување на мерките за реанимација е ограничено и се мери во секунди и минути. 

Докажано е дека ако во рок од 240 секунди (4мин),од престанокот на циркулацијата не се започне со срцево-белодробно оживување настанува неповратно мозочно оштетување. 

Постојат многу причини за појава на срцев застој: 

– Опасни се наглите промени на температурата на телото.При нагло влегување во студено море,езеро или река може да дојде до нагло стеснување на крвните садови на срцето и да доведе до срцев застој. 

– Или екстремно високите температури исто така може да доведат до срцев застој.При високи температури крвните садови се шират и крвниот притисок се менува што може да предизвика слабост , несвестица , исцрпеност , топлотни грчеви , дехидратација која може да доведе до згрутчување на крвта,тромбоза и срцев застој. 

– Постојат и бројни срцеви болести кои можат да завршат со срцев застој,аритмии,исхемична болест и др. 

Ненадејните срцеви застои најчесто се случуваат надвор од здравствена установа, а бидејќи во ваква состојба секоја секунда е важна потребно е што поголем број на луѓе да поминат едукација за оживување (реанимација ). 

Во некои развиени земји во секоја поголема институција со повеќе луѓе има мали дефибрилатори,лесни за ракување кои можат да спасат многу животи. 

Срцев застој е состојба што се појавува и кај сосема здрави особи кои немаат никакво заболување. 

Затоа уживајте во животот квалитетно , придржувајте се на препораките за безбеден живот и редовно посетувајте матичен доктор. 

Превенцијата и применувањето на советите спасуваат многу животи. 

Сподели на Facebook и Twitter