Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор
ВИТАМИНИ И НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ
Што треба да се знае пред земањето витамини?
Зошто премногу витамини може да биде и штетно по здравјето?
Дали е можно и предозирање со витамини?
Витамините треба да се земаат со план и нивна потреба. За тоа дали треба да земате витамини советувајте се прво со вашиот матичен лекар.
Која доза и кои витамини треба да се земаат е индивидуално, за секого посебно.
Најчесто во денешно време сите внесуваат доволно витамини со разновидна исхрана, па класичниот недостаток на витамини во организмот (хиповитаминоза) е исклучително редок во современиот свет.
Денес употребата на витамини е најчесто прекумерна и во голем број случаи дури и напотребна.
Мит е дека витамините не можат да наштетат.
Можат , ако се земат во поголеми количини ( во Ковид-19) или во комбинација со некои лекови или некои хронични состојби. Затоа бидете внимателни.
На пример витаминот Ц е многу потребен на организмот и учествува во многу метаболички процеси , но ако е во прекумерна количина може да доведе до главоболка, повраќање и грчеви во стомакот.
Или витаминот А во големи количини во бременост, може да предизвика физички деформации на плодот или да има контраиндикации со некои лекови.
Поголеми количини на витаминот Д ( особено популарен во пандемијата со корона вирусот) исто така се штетни и доведуваат до акумулација на калциум во крвта, што може да предизвика гадење и повраќање, слабост и често мокрење.Може да се јават и болки во коските и проблеми со бубрезите ( каменчиња).
Затоа наместо дирекно во аптека и земање витамини без контрола, прво советувајте се со вашиот матичен лекар, а не со користење на интернет.
Добрата препорака е половина здравје.
Нема лек кој не дава штетни последици , вклучувајки ги и витамините ако не се користат правилно.