Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

За многу од луѓето овој проблем е повеќе од естетска природа, но понекогаш може да се појават болки, отоци, па и посериозни компликации, како акутно воспаление на вените (тромбофлебитис) кое може да даде и посериозни компликации, како појава на рани ( улкус ) на ногата.

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

ПРОШИРЕНИ ВЕНИ НА НОЗЕТЕ

Проширените вени се доминантна болест на површинскиот венски систем. Сите вени можат да бидат проширени, но најчесто се зафатени површинските вени на долните екстремитети (нозете), бидејки постојано на нив паѓа тежината или притисокот кога стоиме.

Проширените вени (варикозни вени) се проблем кој се јавува кај поголем број од луѓето. Според некои статистики со текот на животот 40% од популацијата се соочува со овој проблем, а тој е доста почест кај жените.

За многу од луѓето овој проблем е повеќе од естетска природа, но понекогаш може да се појават болки, отоци, па и посериозни компликации, како акутно воспаление на вените (тромбофлебитис) кое може да даде и посериозни компликации, како појава на рани ( улкус ) на ногата.

Ризик фактори за појава на проширени вени на нозете се:

– дијабетот, високите масти, пушењето, дебелината, немањето физичка активност, наследната слабост на ѕидот на валвулите на самите вени и други причини.

Симптоми на проширени вени:

– појава на темно виолетови проширени вени

– задебелени вени во вид на кабли – отечени нозе

– болки при подолго седење или стоење

– чувство на тежина во нозете

– појава на црвенило, топлина

– грчеви во мускулите

– пецкање во нозете

– пајаковидни вени

Постојат повеќе начини на лекување на проширени вени. Покрај лековите, мастите, еластичните чорапи има и хируршки третмани, ласеротерапија, аклерозација и др.

Сепак поважна е превенцијата за нивна појава. Потребна е промена на животниот стил. Тука пред се се препорачува редовна физичка активност која поттикнува подобра циркулација во нозете. Ефектот е најдобар кога физичката активност е умерена, како пливање, пешачење, возење велосипед и сл.

Понекогаш е добро да се носат еластични чорапи. Одмарајте ги нозете во подигната положба. Правете почести масажи на нозете. Многу е важен здравиот и правилен начин на исхрана со помалку сол ( поради задршка на течност ) и маснотии, а повеќе свежа храна богата со растителни влакна, како овошје и зеленчук. Со таква исхрана ќе се одржува и телесната тежина, имајќи предвид дека гојазните луѓе имаат зголемен ризик од проширени вени.

Сподели на Facebook и Twitter