Практични совети за здравјето од д-р Емилија Милановска

Ако зуењето трае подолго време треба да се јавите на вашиот матичен доктор за да се пронајде причината за него и да се добие соодветна терапија. 

Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор

 

                   ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ ( ТИНИТУС ) 

 

Тинитусот е здодевен звук (шуштење во ушите) кое само вие можете да го слушнете. 

 Само по себе не е болест,но може да е симптом на друга здравствена состојба. 

 Зуењето е предизвикано од оштетување на ситните влакна во внатрешното уво. 

Тоа може да биде привремено или да трае до крајот на животот. 

Причини за тинитус има многу,но најчести можат да бидат овие: 

– изложеност на гласни звуци (присуство на концерти,спортски натпревари,користење гласни апарати и др.) 

– природен процес на стареење 

– ненадејни ударни звуци 

– повреди на главата и вратот 

– реакција на лекови (аспирин,диуретици,некои антибиотици,антидепресиви,некои лекови против канцер) 

– емоционална вознемиреност или стрес 

– инфекција на увото или зголемено количество на восок во каналот 

– проблеми со крвниот притисок ( низок или висок ) 

Со лекување на овие состојби престанува и зуењето. 

Ако зуењето трае подолго време треба да се јавите на вашиот матичен доктор за да се пронајде причината за него и да се добие соодветна терапија. 

 Ако нема позната медицинска причина за зуењето, се препорачуваат препарати од групата Витамин Д , Гинко билоба,препарати кои содржат Цинк,Магнезиум. 

 Често практикувани терапии се т.н. звучни терапии кои подразбираат пуштање на пријатни звуци на дожд,звуци од птици или музика за да се ,,маскира” тинитусот и да се намали стресот. 

Сподели на Facebook и Twitter