ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ

Се лекува на природен начин и со хормонска терапија, а хируршкото лекување скоро и да е напуштено, иако во минатото  често се практикувало.

 

   

Д-р Ванче Какашевски

Специјалист по гинекологија и акушерство

 

ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ

Постои една состојба (болест) која е доста честа и доколку навреме не се дијагностицира и лекува може да предизвика некои одредени здравствени нарушувања.

Доколку имате :

  • поретки менструации;
  • целулит или вишок на масно ткиво околу стомакот;
  • зголемена влакнетост на лицето и телото;
  • акни (мозолчиња);
  • мрсна кожа;
  • потешкоти со забременување…

Обратете се кај вашиот гинеколог, бидејки најверојатно имате СИНДРОМ НА  ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ.

Тоа е збир на некои од погоре спомнатите симптоми .

Дијагнозата е едноставна и лесна, на ултразвук (ехо) се гледаат двојно зголемени јајници, со цисти под кората на јајниците, а со помош на лабораториски методи се анализираат нарушените хормони.

Важно е да се знае дека полицистични јајници има кај секоја трета жена, а само кај 5-10% ќе се развие болеста.

Оваа состојба или болест носи одредени ризици како:

– нарушени и обилни крварења;

– ризик од спонтан абортус;

– нарушени маснотии и холестерол;

-поголем ризик од дијабетес поради инсулинската интолеранција…

Се лекува на природен начин и со хормонска терапија, а хируршкото лекување скоро и да е напуштено, иако во минатото  често се практикувало.

Важен совет за тинејџерската популација која е загрижена за мозолчињата, влакнетоста и целулитот:

Само со промена на начинот на живот и исхрана, овие состојби исчезнуваат за само неколку месеци.

Затоа:

-спортувајте, џогирајте или едноставно пешачете редовно и без прекин;

-исфрлете ја брзата храна: хамбургери, конзервирани месни производи, помфрит, чипс, мрсна пржена храна и сл.

-внесувајте доволно свежа храна: овошје и зеленчук…

Со ваков стил на живот не само што ќе ги средите хормоналните нарушувања и проблемите кои ги споменав на почеток, туку и целокупното здравје ќе ви биде на завидно ниво.

Сподели на Facebook и Twitter