17 Септември СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ – Учество на членови на ОО Црвен крст Пробиштип

Конвенцијата се состоеше во свечен дел спроведен пред Офицерскиот дом во Битола, потоа реализација на симулациска вежба за спасување на лица заробени во пожар и пружање на прва помош при симулирана сообракајна несреќа.
По повод 17 Септември СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ Црвен крст Пробиштип учествуваше на Конвенцијата по прва помош во Битола. Конвенцијата се состоеше во свечен дел спроведен пред Офицерскиот дом во Битола, потоа реализација на симулациска вежба за спасување на лица заробени во пожар и пружање на прва помош при симулирана сообракајна несреќа.
Останатиот дел од настанот беше посветен на одбележување на културата и традицијата на општините кои ги покрива општинска опрганизација. Нашите волонтери преку нашата традиционалната храна карактеристична за нашето поднебје (зелникот на баба, баница, пастрамајлија), грнчарски сувенири, народни носии, минерални рудни богатства и останати одбележја успешно ги изпрезентираа на штандот пред голем број присутни на познатиот Широк сокак во Битола. Благодарност до Општина Пробиштип за обезбедените матријали, до тетка Милка и Валентина за приготвените зелници и баници и секако до неуморните наши волонтери.
Црвен крст Општинска организација Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter