Отворање на изложба од Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ 2022

Четврток 13.10.2022 година, 13ч. во салонот при Домот на културата „Злетовски рудар“- Пробиштип

Почитувани сограѓани,

Ве покануваме на отварање на изложба од Меѓународна Ликовна колонија ,,Ѓуриште“ 2022. Изложбата ќе се одржи во четврток, 13.10.2022 година со почеток во 13:00 часот во салонот при Дом на културата ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип.

Ликовната колонија„ Ѓуриште“ датира од 1999 година. Организатори на оваа колонија  се Локалната самоуправа на Општина Свети Николе и Општинската установа Дом на културата „Крсте Мисирков“ Свети Николе. На истата  досега имаат учествувано голем број на  ликовни уметници  од земјава и од регионот. Инспирирани од најразлични мотиви, поттикнати од своите внатрешни емоции, од прекрасниот овчеполски амбиент, користејќи разнообразна сликарска и воопшто ликовна лексика и техника по сопствен избор, тие  изработуваат уметнички дела кои остануваат во сопственост на организаторот.

Ликовната колонија „Ѓуриште“ 2022 се одржа од 15 -20 август. На истата учествуваа 10 ликовни уметници од Бугарија, Црна Гора и од  нашата земја, кои  ја збогатија ризницата на Домот на културата со 20 прекрасни  уметнички дела кои ќе останат да сведочат за убавото и вечното.

Дом на култура „Злетовски рудар“ – Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter